Македонија Почна постапката за замена на „мерцедесот“ од „бомбите“ за болничка опрема

Почна постапката за замена на „мерцедесот“ од „бомбите“ за болничка опрема

Владата денеска ја почна постапката за отуѓување на „мерцедесот“, познат од „бомбите, кој вредеше 600 илјади евра, соопшти на „Твитер“ портпаролот на Владaта, Миле Бошњаковски.

Тој соопшти дека возилото од МВР премина во сопственост на Службата за општи и заеднички работи, по што ќе почне постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема.

Истата информација ја сподели и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку својот профил на „Фејсбук“.