Главна секција Почна лидерската средба, на местото на Дескоска се појави Шекеринска

Почна лидерската средба, на местото на Дескоска се појави Шекеринска

Точно навреме, денеска почна третата лидерска средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

На средбата се присутни и набљудувачите, амбадорот на САД, Џес Бејли, и на Европската унија, Аиво Орав.

Промена во екипата има кај СДСМ. Наместо Рената Дескоска-Тренеска, пристигна заменик-претседателката Радмила Шекеринска.

Другите лидери се со екипите што ги придружуваа и на претходните средби.