Свет Европа Почна Конференција за климатските промени во Париз

Почна Конференција за климатските промени во Париз

Конференцијата за климатските промени официјално е отворена во Бурже, во близина на Париз.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, заедно ги дочекаа 147 светски лидери.

Шефовите на држави и на влади ќе имаат по три минути да говорат на првиот ден од 21. светска конференција за климатски промени.
Самитот се одржува во момент кога во Франција на сила е вонредна состојба по терористичките напади од 13 ноември во Париз, во кои загинаа 130 лица.

На собирот, кој трае до 11 декември, се очекува да се постигне спогодба за ограничување на глобалното затоплување.