Свет Почна испитувањето на авионскиот дел за кој се претпоставува дека е од...

Почна испитувањето на авионскиот дел за кој се претпоставува дека е од МХ370

Француските експерти денеска почнаа со испитување на делот од авион, кој минатата недела беше пронајден на островот Рејунион, во Индискиот Океан, а за кој се претпоставува дека е летот МХ370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна лани во март, јавуваат светските медиуми.

Делот пронајден на Рејунион, познат како флаперон, потекнува од патнички авион од типот „боинг 777“, ист онаков каков што беше исчезантиот авион на „Малезија ерланјс“.

Франција поканила малезиски и австралиски експерти за авијација да помогнат во истрагата.

Австралискиот заменик-премиер, Ворен Трас, според „Би-Би-Си“, изјавил дека истражните тимови би можеле уште во текот на оваа недела да утврдат дали парчето потекнува од исчезнатиот авион или не.

За доцна вечерва е најавена изјава на истражните тимови, но засега не е познато дали ќе бидат соопштени детали од постапката.