Забава Почина Влада Дивљан

Почина Влада Дивљан

Еден од великаните на југословенската музика, Влада Дивљан (1958 – 2015), почина утрово во Виена.

Влада Дивљан беше познат како предводник на вокално-инструменталниот состав „Идоли“.

Од 1985 година почна со своја индивидуална кариера во поп-рокот, а се занимаваше и со филмска музика. Од август 1991 година до септември 1997 година живееше во Сиднеј, а потоа се врати во Белград. Од јуни 1999 година живееше и работеше во Виена.