Свет Почина турскиот обвинител кој беше киднапиран

Почина турскиот обвинител кој беше киднапиран

Од тешките повреди што ги доби во текот на вчерашната престрелка во судската палата во Истанбул, турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз почина во болница.

Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник од двајца припадници на ултралевичарска Револуционерна партија – Фронт за народно ослободување.

Заложничката драма заврши со интервенција на турските специјални сили, во која беа убиени двајцата напаѓачи-киднапери, а тешко беше ранет обвинителот.