Дописници Почина трудница во болницата во Штип, лекарите не успеале да го спасат...

Почина трудница во болницата во Штип, лекарите не успеале да го спасат бебето

Жена во седми месец од бременоста, со симптоми на труење синоќа била примена на инфективното одделение во штипската клиника, со болки во стомакот и повраќање.

Трудницата набргу била префрлена на гинеколошкото одделение, каде попладнето починала. Лекарите се обиделе да ја реанимираат и неа и бебето, но не успеале.

Трудницата е родена во 1990 година, а ова ѝ била прва бременост. Веста низ Штип молскавично се пренесе, но повеќе детали се очекуваат од истрагата. Телото на починатата е предадено на обдукција.

Од СВР Штип потврдија дека е пријавен случајот. Повеќе информации најавија за утре, откако ќе стигне и извештајот од обдукцијата.