Хроника Почина тешко повредениот во сообраќајката кај Штип

Почина тешко повредениот во сообраќајката кај Штип

Лицето што беше тешко повредено во сообраќајната несреќа која денеска претпладне се случи пред 9 часот, на патот Радовиш – Штип, во месноста Шести километар, почина во болницата во Штип.

Според информации од полицијата, возилото со марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, се забило во дрво покрај патот.