Хроника Почина струмичанката што беше силувана од синот

Почина струмичанката што беше силувана од синот

Вчера починала 75-годишната струмичанка С.Т која беше силувана од нејзиниот син, информираат од полицијата. Против синот, С.Т. (48) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „родосквернавење“ поднесе е кривична пријава.

Телото на починатата е дадено за обдукција.

С.Т. и мајка му се од село Градашорци. Според информациите од полицијата мајката и синот живееле заедно, таа била болна, а С.Т. бил пијан кога го извршил полов напад.