Македонија Почина Сашо Михајловски – Сале, синдикален водач во ССНМ

Почина Сашо Михајловски – Сале, синдикален водач во ССНМ

Илустрација: ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) извести дека ноќеска ненадејно починал синдикалниот водач во телевизија Алфа, Сашо Михајловски – Сале, роден 1970 година.

„Загубивме голем другар, борец, синдикалец и пред се човек кого колегите неизмерно го почитуваа, на кого му ја доверија борбата за нивните права како вработени во Алфа ТВ, а која тој без трошка штедење и со многу саможртва ја исполнуваше. Сале беше професионалец во својата работа, омилен колега меѓу вработените, а пред се беше човек подготвен да им помогне на другите. Изминативе четири години тој ни беше пример на сите како се води синдикална организација и како се водат и добиваат битки за работничките права“, соопшти ССНМ.