Свет Балкан Почина првиот заболен од Западнонилска треска во Србија

Почина првиот заболен од Западнонилска треска во Србија

Пациентот кој бил инфициран од вирусот на Западнонилска треска почина на Клиниката за инфективни и тропски болести во Београд, информираат од Клиничкиот центар во Србија.

Пациентот, кој имал 56 години, на лекар дошол доцна, една недела откако го каснал инфициран комарец.

Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ вчера соопшти дека е регистриран првиот случај на овој вирус во Србија, кај маж на 56 години од територијата на Јужнобанатски округ.