Свет Балкан Почина професор Ивајло Дичев, еден од умерените аналитичари на македонско-бугарскиот спор

Почина професор Ивајло Дичев, еден од умерените аналитичари на македонско-бугарскиот спор

Особен фокус во последните години посвети и на македонско-бугарскиот спор, ставајќи се во улогата на умерен политичар што повикуваше на умереност од бугарската страна

Фото: mediapool.bg

Ивајло Дичев, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, културен антрополог и публицист, почина на 68 годишна возраст, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Дичев, професор по културна антропологија на „Св. Климент Охридски“, предавал и во Франција, САД и други земји, а на матичниот универзитет ги раководеше магистерските студии по културна антропологија.

Беше ангажиран и пошироко во полето на општествените науки, со фокус на политичката култура, градската антропологија и балканските идентитети.

Беше пројавен и како публицист, особено со своите осврти, односно колумни за изданието на Дојче Веле на бугарски јазик, а особен фокус во последните години посвети и на македонско-бугарскиот спор, ставајќи се во улогата на умерен политичар што повикуваше на умереност од бугарската страна.

Некои од истакнатите негови колумни во тој поглед може да се прочитаат преку следниов линк.