Македонија Почина поранешниот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија

Почина поранешниот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија

Фото: Влада на РСМ;

На 68-годишна возраст утрово почина Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тој беше координатор на Координативното тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот регион, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, како и директор на Вардар филм.

Горјан Тозија беше директор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, додека во периодот на неговото раководење на Вардар филм од 1993 година беа снимени неколку познати македонски филмови: „Пред дождот“, „Џипси меџик“, „Преку езерото“.

Низ својата богата кариера како филмски продуцент учествувал во создавањето на бројни филмски проекти, од кои два холивудски – „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“ се снимија во Македонија.

Тозија беше и поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Во периодите на значајни општествени промени во земјава, беше активен и како учесник во Шарената револуција во Скопје.