Забава Почина пејачот Скот Вејланд на 48-годишна возраст

Почина пејачот Скот Вејланд на 48-годишна возраст

Скот Вејланд, поранешниот водач на американската рок-група „Стоун темпл пајлoтс“ (Stone Temple Pilots) починал вчера на возраст од 48 години, јавуваат светските медиуми.

Веста за смртта на пејачот синоќа ја потврдил и неговиот менаџер, Том Виторино, кој соопштил дека Вејланд починал во сон.

Познатиот пејач починал за време на турнејата со својата група „Вајлдабаутс“ (Wildabouts) во Блумингтон, Минесота.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, Вејланд имал историја на проблеми со дрога.

Пејачот ја формираше групата „Стоун темпл пајлотс“, со која во 1994 година доби „Греми“ за најдобра хардрок-изведба, а беше член и на „Велвет револвер“.