Македонија Почина Марјан Додовски, поранешен министер и пратеник

Почина Марјан Додовски, поранешен министер и пратеник

Foto VMRO Narodna partija

Поранешниот министер за животна средина и пратеник, Марјан Додовски (55), изминатата ноќ, по кратко боледување, почина во Клиничкиот центар во Скопје.

Додовски беше министер за животна средина и просторно планирање во Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998-2002 година, пратеник во Собранието од 2006-2008 година, како и член на Советот на Град Скопје. Додовски беше и поранешен претседател на ВМРО-Народна партија.

Веста за смртта ја објави и неговата поранешна сопруга, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.