Забава Почина извршниот директор на „Нинтендо“, Сатору Ивата

Почина извршниот директор на „Нинтендо“, Сатору Ивата

Извршниот директор на јапонскиот производител на видеоигри „Нинтендо“, Сатору Ивата, починал од рак на 55-годишна возраст, јавуваат денеска светските медиуми.

Ивата минатата година бил подложен на хируршки зафат, по што продолжил со секојдневните должности по краткиот период на закрепнување.

Високо почитувана личност на јапонскиот пазар на видеоигри, Ивата, како што пишува „Би-Би-Си“, се сметаше за водечка фигура во создавањето на најпопуларните производи на „Нинтендо“ од неговото влегување во компанијата, во 2000 година.

По креацијата на ликот на Супер Марио, во една од најпопуларните видеоигри во 1980-те години, интересот на публиката за овој тип забава почна да опаѓа кон крајот на 1990-те, но со доаѓањето на Ивата во „Нинтендо“, играчката конзола што јапонската фирма ја пушти во продажба во 2004 година стана најпродавана во светот.