Хроника Побегнат пациент од болницата во Бардовци пронајден мртов

Побегнат пациент од болницата во Бардовци пронајден мртов

Педесет и тригодишниот Демир Ш., пациент во душевната болница во скопско Бардовци, вчера бил пронајден мртов во близина на болницата, соопшти полицијата.

Според полициските информации, Демир Ш. починал надвор од кругот на болницата, од која побегнал претходниот ден, на 8 јануари.

Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.