Македонија Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) до судија на претходна постапка од Кривичен суд – Скопје побарало притвор за тројца од утрово приведените. Од соопштението од Обвинителството, сепак се дознава дека притвор е побаран и од поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше приведен.

Тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека еден од приведените се сомничи за бесправно градење.

ОЈО-ГОКК соопшти дека досега се издадени четири наредби за истражна постапка за повеќе лица, меѓу кои и Стевчо Јакимовски и поранешни вработени во Општина Карпош, а наредбата за новата истрага за бесправно градење против поранешниот градоначалник и уште двајца од општинската администрацијата е издадена на почетокот на месецов и потоа припоена кон предметот. Токму поради оваа истрага се дел од новите апсења.

Во целокупната истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се и случајот за набавка на жардињери и расадно цвеќе во 2016 и 2016, но и за незаконска легализација на дивоградби и за откуп на државно градежно земјиште на кое биле дивоградбите.

Против шест од приведените се побарани мерки на претпазливост.