Главна секција По реакцијата на Груевски, „Гардијан“ го смени насловот

По реакцијата на Груевски, „Гардијан“ го смени насловот

По реакцијата на премиерот Никола Груевски на интервјуто во „Гардијан“, британскиот весник го смени насловот. Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.

По денешното објавување на оваа вест, веднаш реагираше премиерот Никола Груевски, кој рече дека такво нешто не изјавил.

„Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Се гледа и од самиот текст дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме, и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда, се очекувани“, стои во псимената изјава на Груевски.