Македонија По пожарот во Чаир, хоспитализирани четири деца

По пожарот во Чаир, хоспитализирани четири деца

Пожарот е локализиран и изгаснат

Шест лица се хоспитализирани, а 11  се повредени во денешниот пожар што избувна во зграда во скопската населба Чаир.

На Клиниката за детски болести биле примени четири деца на возраст од девет месеци до девет години. Сите пациенти се надвор од животна опасност.

Еден од пациентите, кој се здобил со изгореници, е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија, а неговата здравствена состојба е стабилна. Пациентот кој се здобил со исеченици е хоспитализиран на Клиниката за хируршки болести „Свети Климент Охридски“.