Македонија По половина месец доцнење, Пендаровски и неговиот кабинет ќе земат плата деновиве

По половина месец доцнење, Пендаровски и неговиот кабинет ќе земат плата деновиве

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет наскоро ќе ја добијат јануарската плата. Тие информираа дека е најдено решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.

„Платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% за административните службеници во Кабинетот.

Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот.

Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, велат од таму.