Главна секција По експлозија на автомобил се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“...

По експлозија на автомобил се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“ (Галерија)

Фото: Мета.мк

Ноќеска околу 1:15 часот се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје. Според сè уште непотврдени информации, пожарот настанал од паркиран автомобил веднаш до бараките, кој експлодирал и оганот се проширил врз објектот на „Улици и патишта“. Дополнително, пред автомобилот што изгорел било паркирано возилото на поранешниот обвинител на СЈО, Гаврил Бубевски, кое исто така било делумно зафатено од пожарот.

На лице место и во моментов има противпожарни екипи коишто го догасуваат пожарот, додека од некогашните бараки на ЈП „Улици и патишта“ излегува чад. Просторот околу бараките на ЈП „Улици и патишта“ е затворен за пристап. На терен има полиција, кои разговараа со очевидци на пожарот.