Македонија По две години опозицијата ќе може да предлага јавен обвинител, вели Заев

По две години опозицијата ќе може да предлага јавен обвинител, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата.

– Ќе го дефинирам предлогот како мало лицемерие. Ние ветивме дека по втората година, на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Сега на Македонија ѝ треба да биде исправена пред реформите и најдобриот експерт што можеме да го најдеме дома да биде државен обвинител – рече Заев.

Тој истакна дека новата влада треба да покаже на дело дека навистина е за враќање на правната држава и дека очекува експертско решение за оваа функција.