Македонија По 23 месеци пред Врховен суд, Душан сега правдата ја бара од...

По 23 месеци пред Врховен суд, Душан сега правдата ја бара од Катица Јанева

По 23 месеци пред Врховен суд и три месеци пред Министерство за правда, веќе еден месец 69-годишниот Душан Бранковиќ правдата ја бара стоејќи со транспаренти пред Специјалното јавно обвинителство. Тој секој ден мирно протестира, барајќи од институциите да имаат слух за земјиште во општина Кисела Вода за кое вели дека е негово.

Имено, по експропријацијата на парцелата во 1949 година, таа му е вратена во 1973 година, а, според него, со судски одлуки подоцна му е доделена на неговото семејство. Сепак, како што вели тој, со манипулации земјиштето му е одземено и со врховна пресуда, па од 2003 година почнува неговата судска голгота за да си го врати назад.

Тој вели дека не се плаши ниту од премногу ниска, ниту од премногу висока температури и се надева дека некој ќе има слух да го реши неговиот проблем.