Македонија Пломп: Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт

Пломп: Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп синоќа реагираше на одлуката на претседателот Иванов да даде аболиција и амнестија на политичарите.

„Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт, за Пржино и пошироко. Незаконитоста не може да биде одговор. Целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство“, напиша Пломп на Твитер.

Претседателот Иванов вчера во обраќањето до нацијата рече дека политичката криза е наметната однадвор и оти решението треба да дојде однатре, а не однадвор. Од тие причини, како и поради тоа што Договорот од Пржино не ги дал саканите резултати, се одлучил на ваков чекор, кој треба да стави крај на политичката криза.