Македонија Платите на наставниците во основните и средните школи ќе се покачат за...

Платите на наставниците во основните и средните школи ќе се покачат за 5 отсто

Според Неделков, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија

Фото: Мета.мк

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

„Од октомври до февруари 2025 година наставниците ќе добијат 5 посто, па во март 2025 нови 7 проценти, потоа во март 2026 покачување на платите од 7,5 и 10 отсто, натаму во март 2027 10 отсто, а во 2028 меѓу 10 и 12 отсто“, кажа Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според Неделков, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.