Македонија Планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето

Планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето

Европското движење во Република Македонија денеска организира планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето.

Со традиционална размена на знамињата на Македонија и на ЕУ, пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ќе почне маршот кон Водно, каде ќе се постават двете знамиња.

Планинарскиот марш е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа, а манифестацијата, освен тоа што има церемонијален карактер, има цел да ги афирмира овој спорт и планинарските рекреативни активности.