Македонија Питер ван Хојте на билатерални средби со партиите во Собранието

Питер ван Хојте на билатерални средби со партиите во Собранието

Белгискиот експерт Питер ван Хојте, кој е олеснувач во преговорите на работните групи на партиите потписички на Договорот од Пржино, денеска има серија средби со претставниците на политичките партии во Собранието на Република Македонија, за да ги доближи нивните ставови околу прашањата поврзани со изборните закони.

Во 12 часот, тој имаше средба со претставници на ДПА, а од 14 часот тече средбата со ДУИ.

За 16 часот е закажана средба со претставниците на СДСМ, а од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално тврдат дека досега предлог за средба до нив не стигнал.