Забава „Пипл“ го прогласи Крис Хемсворт за најпривлечен маж

„Пипл“ го прогласи Крис Хемсворт за најпривлечен маж

Магазинот „Пипл“ го прогласи австралискиот актер Крис Хемсворт за најатрактивен маж за 2014 година. Ѕвездата на „Тор“ е во брак со шпанската моделка Елса Патаки од 2010 година, со која има три деца, двегодишната Индиа и осуммесечните близнаци Саша и Тристан.
Минатата година титулата за најпривлечен маж ја доби Адам Левин, а претходни добитници на оваа награда се и Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џорџ Клуни и Ричард Гир.