Свет Свет Пилотот на тајванскиот авион прогласен за херој

Пилотот на тајванскиот авион прогласен за херој

Пилотот на авионот на тајванската авиокомпанија „Трнас Азија ерлајнс“, кој загина во несреќата, е прогласен за херој. Тој направил сè за да го избегне падот на авионот во населено место, со што бројот на загинати би бил многу поголем.

Бројот на загинати се искачи на 31, но спасени се 15 лица, меѓу кои и двегодишно дете.

Пилотот и копилотот загинаа. До несреќата дојде кога на авионот му откажал моторот само неколку минути по полетувањето, по што пилотот се обидел да го спушти авионот во реката.

„Пилотот се обидел да ги избегне високите згради, го сменил правецот и се обидел да го намали бројот на жртвите. Тоа било многу храбро од негова страна“, изјавил аналитичарот Даниел Санг.