Хроника Пијан прилепчанец избоил куче со црвена боја за чевли

Пијан прилепчанец избоил куче со црвена боја за чевли

Прилепската полиција поднела известување против М. М. (56) од Прилеп поради кривично дело мачење животни.

Според соопштението од МВР, во средата околу 11 часот, на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, пријавениот кој бил во пијана состојба дошол со куче, кое потоа го избоил со црвена боја за чевли.

Случајот в полиција го пријавил граѓанин на Прилеп.