Македонија Четврти ден расправа за извештајот на Јанева

Четврти ден расправа за извештајот на Јанева

Денеска, во 11 часот, ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Четврти ден пратениците ќе расправаат за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата што се одржа во петокот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, им посочи на пратениците од владејачката партија дека намерно ѝ го трошат времето за да не може да работи.

На денешната седница на комисијата, исто така, треба да се расправа и за извештајот за работата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

На дневниот ред на пленарната седница на Собранието, пак, која почнува денеска во 12 часот, е закажано разгледување на извештаите за работата на Марко Зврлевски и на Катица Јанева, но, според неофицијалните најави, се очекува точките да бидат одложени поради тоа што сè уште трае комисиската расправа.