Македонија Петти ден расправа за извештајот на Јанева

Петти ден расправа за извештајот на Јанева

Денеска, во 12 часот, ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Петти ден пратениците ќе расправаат за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата што се одржа вчера, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја напушти седницата, рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница.

– Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе си одам – рече Јанева, по што стана и ја напушти просторијата.

По ова претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, констатираше дека нема услови за одржување на седницата.

На денешната седница на комисијата, исто така, треба да се расправа и за извештајот за работата на Јавното обвинителство на Република Македонија.