Македонија Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделник втор...

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделник втор ден Велигден, за сите

Фото: Архива на Мета.мк

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 30 април (петок), пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден. ​