Понеделник е неработен ден за сите граѓани
2 април 2018
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, вториот ден на Велигден според православниот календар, 9 април (понеделник) е неработен ден за сите граѓани. Истовреме, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.