Свет Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Петнаесет загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Петнаесет лица биле убиени, а најмалку 11 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што вчеравечер се случил во близина на пазар во градот Гомбе на северот на Нигерија, пренесуваат светските медиуми.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но како што пренесуваат медиумите, Гомбе досега неколкупати бил цел на бомбаши-самоубијци.

Радикалната милитантна организација Боко харам последните неколку месеци изврши напади на повеќе од 20 локации на северот на Нигерија, каде групата се бори за воспоставување „исламски калифат“.