Економија Пет фирми одржаа онлајн-презентација пред 22 промотори

Пет фирми одржаа онлајн-презентација пред 22 промотори

Новиот начин на комуницирање е со цел да се намалат трошоците на компаниите

Пред 22 економски промотори од повеќе земји, пет домашни компании денеска имаа онлајн-презентација на своите можности за извоз. Тоа е нов начин на комуникација на бизнисмените за да се видат ефектите од назначувањето и од работењето на промоторите во повеќе земји. На видеопрезентацијата учествуваа: „Макпрогрес“ од Виница, „Камел солар“ од Скопје, „Леов компани“ од Велес, „Техногума“ и „Кадино индустри груп“ од Скопје. Сите се извозно ориентирани компании и очекуваат настап на пазарите во земјите каде што Македонија има економски промотори.

Новиот начин на комуницирање е за да се намалат трошоците на компаниите, но и за да се обезбеди отворање на вратите за нови пазари, со што ќе се зголеми и извозот.

– Повратната информација би овозможила настап на странски пазари, при што се штеди време и пари за воспоставување контакти со партнери во земјите каде што се планира извоз – вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на Македонија најавува дека вакви средби ќе организира на секои три месеци.