Свет Песков: САД мора да покаже политичка волја за да се поправат односите...

Песков: САД мора да покаже политичка волја за да се поправат односите со Русија

Вашингтон мора да покаже „политичка волја“ за да се поправат руско-американските односи, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ рече дека за обновување на односите потребно е САД да се ослободат од „политичката шизофренија“ и да се воздржат од „диктатот со санкции“.

Русија, додаде тој, останува заинтересирана за конструктивна соработка со САД.

Американскиот Сенат во петокот освои закон за санкции кон Русија, по што рускиот претседател Владимир Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија.