Македонија Пешак загина на улица во Тетово

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски – Бато во Тетово.

Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин.

Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител и екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на несреќата и работат на утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната несреќа. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

Според статистиката, секој втор ден во Македонија во патниот сообраќај страда по едно лице.