Спорт Перо Антиќ со два поени, Атланта го победи Њујорк

Перо Антиќ со два поени, Атланта го победи Њујорк

Атланта го доби првиот од двата дуели во низа со Њујорк, откако гостите поведоа во првата четвртина со 32:20, а полувремето заврши со резултат 61:48.
Кајл Корвер постигна 27 поени, од кои 20 во вторите две четвртини, со што Атланта ја неутрализираше предноста на гостите од полувремето и веќе водеше еден поен на крајот од третата четвртина (75:74). Последната четвртина, исто така, им припадна на домашните кои постигнаа 28 поени, наспроти 22 за гостите, со што се дојде до конечниот резултат од 103:96. Перо Антиќ постигна два поени од слободни фрлања во втората четвртина, а имаше и по еден офанзивен и еден дефанзивен скок.