Свет Свет Пенс го повика Чиле да ги прекине односите со Северна Кореја

Пенс го повика Чиле да ги прекине односите со Северна Кореја

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс ги повика латиноамерикански земји да ги „прекинат сите дипломатски и трговски односи“ со Северна Кореја. Пенс денеска се состана со претседателката на Чиле, Мишел Башеле во Сантјаго и во таа прилика ја повикал да ги прекине односите со Пјонгјанг.

Северна Кореја нема дипломатски претставништва ниту банкарски институции во Чиле, но двете земји имаат трговска соработка. Американскиот потпретседател изразил надеж дека Перу, Мексико и Бразил дека ќе ги прекинат односите со Пјонгјанг.

Во рамките на едномесечната турнеја по Латинска Америка, Пенс ќе ги посета Колумбија и Аргентина, а в четврток ќе ја посети Панама.