Свет Балкан Пендаровски се сретна со претставници на Македонската горанска заедница во Косово

Пендаровски се сретна со претставници на Македонската горанска заедница во Косово

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ

Тековните проблеми со кои се соочува заедницата на Македонци во афирмација на нивниот идентитет, а кои се последица на делувањето на странски пропаганди, била една од темите на кои денеска на средба со претседателот Стево Пендаровски разговарале претставници на Македонската горанска заедница на Косово, Авнија Рахте и Аце Димоски. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, на средбата тие зборувале и за активностите на горанската заедница во Косово.

„Беше разговарано за активностите со цел да се унапредат животните услови и правата на македонската заедница во Косово, да се зачува нивниот етнички, јазичен и културен идентитет, а се зборуваше и за заложбите за интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Косово“, наведено е во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски го поздравил нивното активно делување во насока на афирмација на македонската традиција, култура и обичаи, и институционалната соработка што ја остваруваат со косовските власти.