Македонија Пендаровски од утре во работна посета на Брисел, на средби со Туск...

Пендаровски од утре во работна посета на Брисел, на средби со Туск и Могерини

Претседателот Стево Пендаровски, од утре (12 јуни) ќе престојува во работна посета на Брисел.

„Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. За време на работната посета на Брисел, претседателот Пендаровски ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк-тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Претседателот ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција““, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.