Македонија Пендаровски до Жбогар: Очекуваме лидерите на ЕУ да бидат доследни во ветувањата

Пендаровски до Жбогар: Очекуваме лидерите на ЕУ да бидат доследни во ветувањата

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар.

На средбата биле разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите на дражавата во однос на европските интеграции.

Пендаровски укажал дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата.

„Очекуваме од лидерите на членките на Европската унија да бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања. Да го валоризираат сработеното и да овозможат Република Северна Македонија да постигне успех на планот на евроинтеграциите“, истакна претседателот Пендаровски на средбата со евроамбасадорот Жбогар“, изјавил Пендаровски.

Жбогар на Пендаровски му предал писмо со честитки од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.