Македонија Пендаровски-Борисов: Политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, соработка има и во...

Пендаровски-Борисов: Политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, соработка има и во други области

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов.

„На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше констатирано дека Северна Македонија и Бугарија се посветени кон јакнење на добрососедските односи и унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Заедничкото претседавање со Берлинскиот процес, беше констатирано на средбата, претставува одлична можност за понатамошно зајакнување на добрососедските односи и посилна улога на двете држави во регионалните прашања“, информираат од Кабиентот на претседателот.

Во соопштението се додава дека политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, а постигнат е значителен напредок во соработката на двете држави во економијата, туризмот, транспортот и комуникацијата, животната средина, културата, образованието и одбраната.