Економија „Пејпал“ се повлекува од Крим

„Пејпал“ се повлекува од Крим

Во петокот, меѓународниот сервис за интернет-плаќање „Пејпал“ (Paypal) своите корисници на Крим ги извести дека ќе ја прекине работата.

Оттаму информираат дека оваа одлука ја донеле поради „законите во оваа земја кои треба да се усогласат со законите во целиот свет“.

На крајот на декември минатата година, работата на Крим ја прекинаа и „Виза“ (Visa) и „Мастеркард“ (Mastercard).