Свет Свет Педесет и пет загинати при напад на индиско-пакистанската граница

Педесет и пет загинати при напад на индиско-пакистанската граница

Бомбашки напад на индиско-пакистанската граница

Најмалку 55 лица загинаа, а 200 се ранети при вчерашниот напад на бомбаш-самоубиец на граничниот премин Вагах, меѓу Индија и Пакистан, јавува „Хиндустан тајмс“.

По нападот, зголемени се безбедносните мерки и контролата долж индиско-пакистанската граница.

Патак, челникот на пакистанските Сили за заштита на границата, соопшти дека уште во неделата постоеле индикации дека се подготвува терористички напад.

– Индиската разузнавачка служба пред две недели добила разузнавачки податоци дека за време на церемонијата на спуштање на знамињата може да се случи талибански напад – изјави Патак.

Пакистанските и индиските војници секој ден на зајдисонце се собираат на граничниот премин Вагах за истовремено да ги спуштат знамињата на двете држави.

Нападот се случил на пакистанската страна на границата и нема загинати на индиска страна.