Свет Балкан Патријархот Иринеј ја освети црквата која ја градеше фондацијата на Николиќ

Патријархот Иринеј ја освети црквата која ја градеше фондацијата на Николиќ

Патријархот на Српската православна црква Иринеј денеска го освети Храмот на светиот маченик Димитриј во Бајчетина чиј ктитор е претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Изградбата на црквата која е во родното место на Николиќ, започна во 2013 година и чини како што наведуваат медиумите, околу милион евра. Николиќ за претседател на Србија беше избран во 2012 година.

Црквата е богата со мозаици од различни периоди, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на страдањата на крагуевачките ученици во Втората светска војна и жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Изградбата е во мермер, а владејачкиот трон е од македонски камен и златен оникс од Аризона.