Свет Балкан Патник се обидел да го урне авионот на лет од Франкфурт до...

Патник се обидел да го урне авионот на лет од Франкфурт до Белград

Американски државјанин по потекло од Јордан денеска во текот на летот од Франкфурт до Белград се обидел да отвори врата и да го урне авионот, пишува српски „Курир“.

Во авионот меѓу другите патници биле и ракометарите од клубот „Војводина“, кои помогнале да се спречи катастрофата.

– Патникот сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше како го изгубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Несреќата, за среќа, е спречена. Тој бил спречен од ракометарите и авионот безбедно слетал во Белград – пишува српски „Курир“.

По слетувањето, полицијата го уапсила патникот кој моментално е на сослушување.