Дописници Патеката „Климе Савин“ во Охридското Езеро ќе ја пливаат 24 маратонци

Патеката „Климе Савин“ во Охридското Езеро ќе ја пливаат 24 маратонци

Според досега пристигнатите пријави, на традиционалниот Охридски пливачки маратон, ќе учествуваат 24 маратонци – 12 мажи и уште толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија.

Маратонот се одржи на 29. август на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ до градското пристаниште во Охрид, во должина од 30 километри.

На ова големо натпреварување, на која ќе учествува светската маратонска елита, на освојување на високи места претендираат и македонските пливачи Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Организаторите на годинашниов, 29 – ти по ред маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан што се случува во Република Македонија.